ПСЖ одбил понуда од Барселона за Ди Мариа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува шпанскиот весник АС, од редовите на Пари Сен Жермен одбиле понуда од Барселона за услугите на Анхел Ди Мариа.

29 годишниот Ди Мариа е еден од играчите кои се поврзуваат со Барселона како замена за Нејмар кој се пресели токму во редовите на ПСЖ.

Барселона испратила понуда од „само“ 35 милиони евра за Аргентинецот, но истата веднаш била одбиена.

Според медиумите, и Анхел Ди Мариа е заинтересиран да се пресели во редовите на каталонскиот гигант.