ПСЖ сака да го победи Реал во трка за англиски репрезентативец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ подготвува тим кој во наредните години би можел да направи големи работи, а се верува дека во овој играч е клучот и дека се подготвени да платат колку и да е потребно.

Според медиумите, ПСЖ се заинтересирани за играчот на Тотенхем.

Станува збор за играч кој експлодираше во ПЛ, откако на почетокот на минатата сезона стигна од МК Донс, Деле Али.

Овој 20-годишен фудбалер моментално покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Покетино, а на крајот на сезоната 2015/16 ја доби и наградата за најдобар млад играч.

Се зборуваше дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, но ПСЖ според новите шпекулации е многу посериозен.

Емери смета дека Али има „нешто посебно“ и верува дека би можел да биде еден од важните играчи во Париз.

Нема сомнеж дека на ПСЖ им е потребно освежување во редот за врска, а се повеќе се зборува дека од клубот ќе замине Марко Верати.

Медиумите наведуваат дека ПСЖ со заминувањето на Ибра има вишок во буџетот за плата, па нема сомнеж дека би можеле да му понудат поголеми примања од 70.000 евра.