ПСЖ ќе се бори со кинески гигант за ѕвезда на Милан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалер на Милан, Франк Кеси, на почетокот на сезоната настапува одлично, па почна да се шпекулира дека во јануари ќе направи голем трансфер.

Кеси досега одигра седум натпревари, па постигна два гола и една асистенција, па за него интерес покажа ПСЖ, кој ќе тргне по него доколку пропаднат преговорите со Адриен Рабио за нов договор.

Меѓутоа, проблем на ПСЖ би можеле да им направат Кинезите бидејќи еден кинески клуб подготвил дури 40 милиони евра за Кеси.

Сепак, на крајот за иднината на Кеси ќе одлучи Милан, кој сигурно нема да се откаже лесно од својата ѕвезда уште во јануари.