Пума го превзема тронот: Како ќе изгледаат дресовите на Манчестер Сити во наредната сезона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити денес објави дека нема да продолжи нивната соработка со Најк и дека нов спонзор на клубот во наредната сезона ќе биде Пума.

Најк претходните десетина години „ги облекуваше“ фудбалерите на Сити, но клубот од Етихад одлучи дека нема да ја продолжи соработката. Сити официјално потврди дека Пума е нов спонзор на првакот од Англија.

Сити и Пума потпишаа догвоор на десет години со кој Граѓаните ќе инкасираат дури 650 милиони фунти. Новите дресови сеуште не се претставени, но веќе наголемо се шпекулира како би можел да изгледа новиот дизајн на дресовите за наредната сезона.

Новите дресови Сити ќе ги претстават на припремите за наредната сезона, а веќе е познато дека ќе се одработат во Јапонија. Во продолжение можете да погледните како би можеле да изгледаат дресовите на Сити за наредната сезона.