„Пјаниќ не играше поради повреда“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион Јувентус изгуби од Фиорентина со 2:1 вчера, а во составот на тимот не беше Миралем Пјаниќ.

Редот за врска без него не изгледаше многу организирано и се виде дека му недостига на Јувентус.

Пјаниќ го гледаше натпреварот од клупата, а Алегри откри зошто 26-годишниот фудбалер не настапил на овој натпревар.

„Миралем доби незгоден удар на тренинг. Иако имаше лесна повреда, сепак не сакав да ризикувам со него во овој натпревар. Сакав да играм со подготвени играчи.“

Пјаниќ би требало да се врати во наредниот натпревар против Лацио.

Јуве е прв на табелата со 45 бодови и има натпревар помалку од Рома.