Рабио конечно реши: Ѕвездата на ПСЖ прави голем трансфер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пишува дека ѕвездата на ПСЖ, Адриен Рабио нема да остане во клубот и да го продолжи договорот, односно пронашол нова екипа, каде што ќе му бидат задоволени финансиските апетити.

Овој 23-годишен фудбалер има договор со Парижаните до крајот на сезоната, а досега неколку пати одби да го продолжи, па според најновите шпекулации, Рабио ќе ја продолжи својата кариера во Барселона.

За младиот фудбалер се бореа многу екипи, но очигледно Французинот немал дилема во изборот на својот нов клуб, каде што ќе заработува по 10-12 милиони евра годишно.