Рабио одби уште еден богат договор од ПСЖ


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Адриен Рабио ја одби и третата понуда за продолжување на соработката од страна на ПСЖ.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“ францускиот репрезентативец одбил годишна плата од 6.4 милиони фунти затоа што има намера да си замине од тимот следната година.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува по крајот на оваа сезона, а веќе во јануари Рабио ќе може да преговара со другите тимови кои се заинтересирани за него.

Најзагреан за услугите на Адриен Рабио е каталонскиот клуб Барселона кој во младиот Французин гледа идеална замена за Анрес Иниеста.