Радосни вести за „ѓаволите“: Солскјер гради тим од соништата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед веќе шеста титула по ред останува без титулата во англиската Премиерлига. Последната ја освоија при заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, а потоа следуваа тешки години за клубот.

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер најверојатно ќе остане во Јунајтед и по крајот на сегашната сезона, по што на лето се очекуваат нови засилувања за клубот.

Јунајтед под водство на норвежанскиот тренер игра фантастично. Сепак, тие за да играат за титулата ќе мора да купат некое добро засилување, а „Мирор“ откри како би можел да изгледа новиот тим на „ѓаволите“.

Со англискиот гигант се поврзуваат многу ѕвезди, а меѓу нив се Хари Мегваер, Калиду Кулибали, Џејдон Санчо и Филипе Кутињо.