Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тим Рома направи уште еден чекор кон изградба на нов стадион со капацитет од 56 илјади места, по што дефинитивно би се простила од „Олимпико“.
Управата на Рома веќе со години се обидува да се пресели, а сега само прашање е на време кога клубот ќе ја добие и последната дозвола да почне со изградба на нов стадион, кој ќе чини 1.3 милијарди евра.
Првиот план беше стадионот „Дела Рома“ да се отвори на почетокот на оваа сезона, но сега датумот е поместен за стартот на сезоната 2020/21.
„Очекувањата се дека конечно ќе добиеме дозвола. Тоа го очекуваме најмногу за неколку месеци.“
Стадионите во Италија, освен на Јувентус кој е изграден во 2011 година, се во јавна сопственост, а тоа ги спречува клубовите да ги модернизираат. Што се однесува до Рома, која заедно со градскиот ривал го користи „Олимпико“, проблем се навивачите.
Навивачите на двата клубови ги бојкотираат натпреварите, затоа што властите од Рим воведоа посебни сектори на трибините заградени со плексиглас од безбедносни причини.