Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на англискиот фудбал, Боби Чарлтон до вчера беше најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, а сега од врвот го симна Вејн Руни кој го постигна 250-от гол за тимот.
„Би лажел кога би рекол дека не сум разочаран што не сум рекордер. Од друга страна, на Руни му честитам од срце. Воодушевен сум поради него.“
Вејн Руни не крие дека е презадоволен што го срушил рекордот на Боби Чарлтон.
„Боби Чарлтон е икона на клубот и англискиот фудбал. Дури кога ќе дојдете на Олд Трафорд тогаш ќе видите колку големо е значењето. Чувствувам голема почит кон него.“