Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Интер Стеван Јоветиќ е разочаран од одлуката на тренерот Роналд де Бур да не го пријави за мечевите во групната фаза од Лига Европа.
Црногорскиот репрезентативец во текот на летот беше блиску до заминување од Џузепе Меаца, но на крајот се одлучи да остане и да се бори за место во тимот.
„Разочаран сум, но четворица сме во иста ситуација, па така не сум сам. Се надевам дека ќе обезбедиме место во доигрувањето, кога клубот ќе има место да пријави нови играчи“, рече Јоветиќ.
Некогашниот фудбалер на Партизан, Фиорентина и Манчестер Сити се наврати и на летниот преоден рок.
„Не бев блиску до премин во Милан, но постоеше контакт со Фиорентина. Интер на крајот не ме продаде и сега сакам да останам и да играм, бидејќи знам дека сум во состојба да се победам“, додаде Јоветиќ.
Црногорецот во 2015 година од Манчестер Сити дојде во Интер и во минатата сезона во 26 натпревари постигна 6 голови.