Раиола откри како го придоби Ибра и најави трансфер од 200 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот Мино Раиола во ова лето е автор на најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, тој на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра.

Сепак, Италијанецот е уверен дека наскоро ќе сведочиме и на трансфер вреден 200 милиони евра.

„Сигурен сум во тоа и тоа ќе биде некој Бразилец бидејќи тие се посебни играчи. Ќе дојде некој нов Меси или Нејмар и сигурен дека неговиот трансфер ќе биде преку 200 милиони евра. Денеска тие суми се нормални во светот на фудбалот“, рече Раиола.

Откри агентот и како во 2003 година ги продоби Златан Ибрахимовиќ да потпише за него, пишува Гоал.

„Златан ме сака бидејќи јас сум прв кој му реков дека е полн со сра… Му порачав дека мора многу да работи, додека други му зборуваа само убави работи. Јас му ја реков вистината со цел да биде најдобар“.