Рами откри што му рекла Колинда после финалето, па додаде: „Жиру ми рече дека сум глупав“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар- Китаровиќ беше во центарот на вниманието за време на неколку натпревари додека играа Ватрените на Мундијалот во Русија, посебно за време на финалниот меч против Франција.

После натпреварот Колинда ја искористи приликата да ги изгушка репрезентативците на Хрватска за време на доделувањето на медалите, а исто така успеала и малку да поразговара со фудбалерите на Франција.

Еден од оние кои имаа прилика да разговараат со претседателката е дефанзивецот Адил Рами, а тој откри што разговарале:

„После финалниот натпревар претседателката на Хрватска ме погледна и рече: „Имате прекрасни мустаќи“, а јас на неа и реков „Многу го сакам Миконос“. Ете не знам зошто, но отсекогаш ги мешам Грција и Хрватска. Во тој момент Оливер Жиру ме погледна и ми рече: Дали си глуп? Миконос е во Грција- рече Рами.“

Инаку, Франција во финалето ја победи Хрватска со 4:2, а Рами не влезе во игра.