Рамос би сакал да го види Нејмар во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вестите за незадоволството на Нејмар во Франција го инспирираа Серхио Рамос да размисли за евентуално доаѓање на Бразилецот на „Сантијаго Бернабе“.

Капитенот на Реал Мадрид го повика најскапиот фудбалер во историјата да го засили „Кралскиот клуб“.

Според извештаите на француските медиуми Нејмар сега е во конфликт со тренерот на клубот Унаи Емери. Познато е дека претходно имаше кавга помеѓу Бразилецот и Кавани за тоа кој ќе ги изведува пеналите. Ваквите настани беа иницијална каписла медиумите по само четири месеци во Парис да му бараат нова дестинација на супер талентираниот фудбалер.

„Сакам да ги имам најдобрите соиграчи и јасно дека Нејмар е еден од нив. Можеби му беше полесно прво да оди во ПСЖ наместо директно во Реал. Тоа се лични одлуки, никогаш не може да предвидите што може да се случи. Фудбалот е вртелешка. Вратите за да дојде во Реал му се отворени, јас лично имам одличен однос со него“- коментираше Рамос за шпанското радио, Кадена Сер.

Нејмар ова лето стана убедливо најскапиот фудбалер во историјата на овој спорт со трансфер вреден 222 милиони евра.