Рамос заработи скршеница на носот (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос заработи фрактура на носната коска на градското дерби против Атлетико што вчера се одигра на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико и Реал одиграа без голови, а мечот го обележа повредата на Серхио Рамос.  Доста невнимателно врз него стартуваше Лукас Ернандез кој со нога го удри директно во лицето капитенот на „Кралевите“.

Шпанските медиуми објавија дека Рамос денес цел ден бил на прегледи каде му е констатирана фрактура на носната коска. Шпанецот со сигурност ќе го пропушти натпреварот од Лигата на Шампионите против АПОЕЛ. Во следните натпревари Рамос со сигурност ќе носи и заштитна маска на лицето.