Рамос застана во одбрана на ВАР: Секогаш ни носи правда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кажа дека по натпреварот со Ајакс во осминафиналето на Лигата на шампиони (2-1) дека ВАР-технологијата им донела многу позитивни работи во фудбалот.

Повод за новата приказна за ВАР-технологијата беше ситуацијата од 38 минута на мечот во Амстердам.

„Судијата донесе одлука по ВАР-системот. Јас сум голем поддржувач на таа технологија. Со неа фудбалот стана многу праведен. Сметам дека на крајот заслужено славевме, иако ептен се измчивме“, кажа Рамос.

Реваншот меѓу Ајакс и Реал Мадрид се игра на петти март на „Сантијаго бернабеу“.