Раниери: Митровиќ за мене е еден од најдобрите напаѓачи во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот менаџер на Фулам, Клаудио Раниери е воодушевен од Александар Митровиќ, напаѓачот кој блескаше на вчерашниот триумф над Саутепмтон.

Митровиќ во победата на Фулам постигна два гола во победата со резултат 3-2, а Раниери за него посебно говореше после натпреварот и изјави дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и светот.

„За мене Митровиќ е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Кога кажувам Европа тоа автоматски занчи и светот. Има само 24 години, фантастичен играч кој е посебно опасен кога ќе ја добие топката во казнениот простор. Важно е да знаете да се снајдете со топката, бидејќи така ќе дојдете до шанса за гол“, започна Раниери, па продолжи:

„Имаше серија од шест натпревари на кои не постигна гол, но тоа е животот на напаѓачите. Понекогаш се случува напаѓачите да постигнуваат многу голови едноподруго, а потоа, месец или два – ништо. Кај сите напаѓачи е исто, па така на крајот од сезоната ги собирате резултаитте и гледате каков е нивниот учинок.“.

Александар Митровиќ оваа сезона веќе има постигнато седум голови и е еден од водечките стрелци во Премиер лигата. Изедначен е со Хари Кејн, Азар, Салар и Стерлинг.