„Рано примениот гол ни ги уништи надежите“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Борусија Дортмунд, Тухел изјави дека неговите играчи не играле доволно добро за победа и пласман понатаму.

Борусија беше елиминирана од Монако со 3:1 и вкупни 6:3.

Тухел по натпреварот не го криеше незадоволството со играта на своите играчи.

„Започнавме добро со една или две опасни шанси. Најдовме малку простор, а потоа примивме несреќен гол. Тоа ни ги уништи надежите. Потоа направивме многу технички грешки и погрешни поставувања на теренот.“

„Во нападот многу комплициравме и тоа се заедно не беше доволно за победа.“