Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп дочека добри вести од медицинскиот тим на Ливерпул.
Многумина веќе размислуваат за наредниот викенд кога се враќаме на клубскиот фудбал, а откако денес ќе завршат натпреварите на репрезентациите, клубовите може во целост да се посветат на следните натпревари.
Ливерпул е клуб кој најлошо помина во оваа репрезентативна пауза поради повредите кои ги доживеаа Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Мане, а денес стигнаа добри вести од Мелвуд.
Милнер е исто така меѓу повредените, се очекуваше дека ќе отсуствува до крајот на месецот но тоа нема да се случи.
Џејмс Милнер полека се враќа во форма, се оди побрзо од очекуваното и тој може да биде конкуренција за натпреварот против Хадерсфилд.
Она што е сигурно е дека ќе го гледаме против Црвена Ѕвезда во Лигата на шампиони.
Тоа не е се, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк исто така ќе бидат во кокуренција за натпреварот против Хадерсфилд после денешната изјава од Ливерпул, двајцата се чувствуваат добро и спремни се да играат за екипата на Јирген Клоп.
Единствен кој чека е Мане кој го скрши палецот на левата рака, него најверојатно нема да го гледаме во дуелите со Хадирсфилд и Црвена Ѕвезда.