Распад на кариерата која ќе влезе во фудбалските учебници


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кога понуда ќе стигне со многу нули од која ви застанува здивот, голем дел од фудбалерите не ни размислуваат. Кина во истиот момент изгледа како ветената фудбалска земја. Малку има кои ги одбиваат тие понуди.

Најверојатно најдобар пример за уништување на една кариерата е случајот на Џексон Мартинез. Поранешниот најпосакуван фудбалер во светот за една година успеа да постигне само 4 голови, а со тоа го изгуби и местото на прв напаѓач во Гуангжу, па неговата судбина е неизвесна.

Сколари не го стави во листата на играчи на кои ќе смета за во азиската ЛШ, па така на него му следува пауза до март.

Ако и тогаш смета Сколари на него, бидејќи не заборавајте дека дозволениот број на странци е намален на 3+1 во Азија.

А сетете се, пред само една година, дека постоеше вест за преминување на овој играч од Атлетико во Кина и дека тоа беше сензација. Трансферот изнесуваше 42 милиони евра, а тој добиваше 12.5 милиони евра по сезона.

Џексон не беше добар да игра во групната фаза од азиската ЛШ, а останува да видиме дали ќе игра во лигата во Кина.