Распродажба во Мадрид: Перез ќе продава дури пет фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да продаде пет фудбалери во следниот период и да добие околу 400 милиони евра за нив.

Перез не размислуваше премногу кога го продаваше Кристијано Роналдо, а сигурно нема да размислува премногу и кога станува збор за останатите фудбалери.

„Дон Балон“ пшува дека првиот човек на Реал најавил голема чистка, па следува голема распродажба во следниот период.

Наводно, од екипата е планирано да заминат Иско, Марко Асенсио, Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема, а со парите добие од нивните трансфери ќе се обиде да ангажира нови ѕвезди.

Инаку, Перез очекува 120 милиони евра за Асенсио, додека за Иско би се согласил и за 80 милиони евра. Бејл би го продал за 100 милиони, а ќе се обиде да извлече и за Бензема 60 милиони, односно 40 милиони за Модриќ.

Речиси за сите фудбалери има заинтересирани клубови, па во следниот период може да видиме тотална расподажба на „кралевите“.