Рашфорд би можел да направи спектакуларен трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Маркус Рашфорд би можел да ја промени средината и од на лето да се пресели во Шпанија.

Имено, се шпекулира дека за него постои сериозен интерес од Реал Мадрид кој бил подготвен да плати околу 50 милиони фунти за услугите на младиот англиски репрезентативец.

Рашфорд е продукт на академијата на Манчестер Јунајтед и пред две години се проби на фудбалската сцена кога доби шанса од Луи ван Гал. Рашфорд е еден од најредовните играчи оваа сезона, но исто како и целиот тим не го прикажува очекуваното.