Реал испушти 2:0 против Борусија Дортмунд, Јуве лесно го совлада Динамо, Лестер петардиран од Порто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа и последните осум натпревари од последното коло од групната фаза од ЛШ.

Копеннхаген славеше против Клуб Бриж на гости со 0:2. Игуаин и Ругани го запчетија првото место на Јувентус во групата. Вечерва го совладаа Динамо Загреб со 2:0. Сензација во Полска, Легија минимално славеше против Спортинг, 1:0. Баер Леверкузен со убедливи 3:0 го совлада Монако. Лион и Севиља одиграа без погодоци и ги поделија бодовите.

Порто со петарда го испрати Лестер во Англија, 5:0. Два погодоци на Силва и по еден на Корона, Брахими и Јота. Во битката за првото место на Сантијаго Бернабе, Реал Мадрид одигра нерешено против Борусија Дортмунд, 2:2. Бензема постигна два погодоци и имаа водство од 2:0. Обамејанг и Ројс го израмнија резултатот за прво место на Дортмунд. Тотенхем со погодоци на Али, Кејн и автоголот на Акинфеев славеше против ЦСКА Москва со 3:1.