Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Реал Мадрид би можел да се соочи со казна од УЕФА, откако нивните навивачи на трибините имале провокативен транспарент за градските ривали.
Атлетико Мадрид беше поразен со 3:0, а од Атлетико најавија жалба поради транспарентите на навивачите на Реал кои претставувале провокација за играчите.
Големиот транспарент кој се појави имаше на него прослава за нивните 11 победи во ЛШ, а тука се наоѓаше и натпис „какво е чувството?“. Токму овој натпис е спорен за Атлетико затоа што тој претставува провокација на нивна сметка поради неодамнешните порази на Атлетико од Реал.
Шпанските медиуми наведуваат дека Реал би можел да биде казнет, затоа што во минатото се знаеше дека некои клубови се на мета на казните на УЕФА поради слични инциденти.