Реал Мадрид го претстави новото засилување, а Дијаз порача: Ова е најважниот ден во мојот живот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што беше најавено, нов фудбалер на Реал Мадрид од денеска е 19-годишниот Брахим Дијаз, кој пристигнува од Манчестер сити.

Дијаз денеска успешно ги помина медицинските прегледи, по што имаше официјално претставување, на кое присуствуваше и претседателот Флорентино Перез.

Дијаз во минатата сезона одигра вкупно 50 минути за Манчестер сити во Премиерлигата, а сезонава не доби шанса да заигра во англискиот шампионат.

„Ова е најважен ден во мојот живот. Имав три опции каде да ја продолжам кариерата – да играм во Мадрид, Мадрид или Мадрид“, кажа Дијаз.