Реал Мадрид до лесна победа на домашен терен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид победија вчера на домашен терен против Депортиво Алавез со 3-0 во 22. коло од Ла Лига.

Реал беше голем фаворит и на крајот славеше без големи проблеми, иако Алавес одигра сосема пристоен меч.

Кралевите се мачеа до 30. минута, а потоа повеќе Бензема која ја продолжи серијата на голови. Во вториот деч проработи и бразилецот Винициус Јуниор кој постигна погодок во 80. минута после асистенцијата на Асенсио. За крај погоди и Мариано Диаз во 91. минута.

Треба да се напомене дека гостите имаа навистина добри прилики во второто полувреме преку Бургуиј и Џони, но не успеаа да постигнат погодок.

После овие две победи Реал Мадрид ја стопи предноста на Барса на осум бодови, додека Алавес остана на 7. позиција со 32 освоени бодови.