Реал Мадрид откри што ќе прави со Кејлор Навас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Костариканскиот голман Кејлор Навас ќе остане член на Реал Мадрид, барем така пишува шпански „АБЦ“.

Овој 31-годишен голман има договор до 2020 година, но очигледно тоа нема да му биде последна сезона во Мадрид бидејќи во моментов преговара за продолжување на соработката.

Летоска во екипата пристигна Тибо Куртоа од Челси, но тоа не го исплаши Навас, па со голем труд ја заработи довербата најпрво кај Хулен Лопетеги, а потоа и кај Сантијаго Солари.

Очигледно Навас нема проблем да брани на секој натпревар во Лигата на шампиони, па би требало да го продолжи договорот до 2021 година.