Реал Мадрид славеше во големото градско дерби против Атлетико (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид славеше во големото дерби во Ла Лига против лутиот градски ривал, Атлетико со 3:1.

Натпреварот започна одлично за Реал затоа што по само 16. минути поведоа со феноменалниот гол на Касемиро.<

Само девет минути подоцна Атлетико Мадрид изедначи преку Антоан Гризман кој избегна една офсајд замка и потоа вешто го матираше Куртоа.

Во 42.минута Реал се врати во водство откако Серхио Рамос беше сигурен егзекутор на пеналот кој беше направен врз Винисиус Жуниор.

Конечниот резултат го постави Герет Бејл во 74. минута од средбата.

Со оваа победа „Кралевите“ се вратија на втората позиција и сега имаат еден бод повеќе од Атлетико и пет бода помалку од Барселона.