Рекорден приход на Баерн


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Баерн од Минхен на својот официјален сајт објави рекорден приход за финансиската сезона .

Баерн е клуб кој е познат по исклучително работење на финансиски план, многу се внимателни со засилувањата и ретко грешат, а имаат и завидни договори со спонзорите.

Поради сево ова, но и поради усехот на теренот, приходот од минатата сезона им е неверојатни 624.3 милиони евра.

Ова е рекорд во досегашното работење во Баерн и никогаш не се случило волку пари да добијат за само една сезона.

Сепак, дека парите не е единствено мерило на состојбата на теренот докажува и оваа сезона каде што Баерн има освоено само 20 бодови во 11 натпревари и се наоѓа на петтото место на табелата и 7 бодови заостанување зад Дортмунд.