Ремзи во петок потпишува четиригодишен договор со Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според наводите на странските медиуми, Ремзи во петок би требало да потпише четиригодишен договор со Јувентус.

Тој наводно ги договорил сите услови со италијанскиот клуб, па на крајот од сезоната како слободен играч ќе му се придружи на Јуве.

Тутоспорт јавува дека Јувентус му понудил на Велшанецот четири милиони евра годишно, па ова би требало да го задржи во клубот до 2023. година.

Сепак Јувентус повеќе би сакал да го изреализира овој трансфер уште сега во јануари, но Емери сака да го задржи до крајот на договорот.

Топџиите бараат дури 20 милиони евра за Ремзи да го напушти Арсенал во јануари, но Јуве прави се за да ја спушти цената.