Ремзи може слободно да си замине, Арсенал ќе се засилува од – Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона нема да биде многу активна во јануарскиот преоден рок и постои голема можност неколку фудбалери да го напуштат клубот до крајот на месецов.

Тренерот Ернесто Валверде порача дека не е заинтересиран за ангажирање нови фудбалери, зашто е задоволен со екипата, но сигурно ќе има заминувања на неколку играчи, кои не е се задоволни со минутажата, а пред сите е Денис Суарез.

Суарез побара од клубот да го пуштат во јануари, зашто сака екипа, каде што ќе игра многу повеќе, а тоа нема да биде тешко, зашто во Барселона одигра само шест натпревари.

Инаку, Унај Емери, тренерот на Арсенал, покажа голем интерес за Суарез и многумина сметаат дека би бил добро засилување за „топчиите“, а наводно би можеле да го купат за 25 милиони евра.

Суарез играше кај Емери во Севилја, каде што помина две сезони на позајмица од Барселона. Тогаш беше стандарден член на тимот и Емери не криеше дека тој му е еден од омилените фудбалери.