Рено во Лондон го претстави новиот болид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По Вилијамс и Заубер, кои изгледот на своите болиди ги претставија со објавување на слики, Рено го презентираше својот модел РС17 во Лондон со пренос преку интернет.

Новиот болид на тимот е жолто-црн, но впечатливо е тоа што нема многу жолта боја како претходните години.

Изгледот на задното крило и предниот дел на болидот е сличен со претходните 2 болиди кои беа претставени.

Новиот модел ќе има РЕ17 мотор, кој дополнително се разликува од минатогодишниот.

Минатата сезона беше враќање за Рено во Ф1, бидејќи го превзема Лотус на крајот на претходната година.

Во Рено сакаат да ги подобрат резултатите и да почнуваат да победуваат.

Возачи на тимот се Палмер и Хулкенберг додека резервен возач е Сироткин.

Ф1 започнува со трката за ГН на Австралија на 26-ти март.