„Ривалството помеѓу Федерер и Надал е најголемо во историјата на тенисот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полуфиналистот на Ролан Гарос, Марко Чекинато, влеи дека Роџер Федерер е најголем тенисер во историјата на тенисот.

На прашањето кој најмногу го импресионирал помеѓу Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, Чекинато имаше интересен одговор.

„Федерер е најдобар. Неговиот талент и стил на игра ја прават играта уште подобра. Тоа е тенисер, кој навивачите најмногу сакаат да го гледаат. Неговото ривалство со Надал е најголемо во историјата на тенисот“, кажа Чекинато.