Рим – Повредата ја сопре Халеп, Свитолина победи во финалето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елина Свитолина е победничка на Мастерсот во Рим, затоа што во финалето успеа да победи со 4:6, 7:5 и 6:1 против Халеп.

Украинката игра одлично во последно време на земја, а на крајот заслужено победи против Халеп.

Подобро го отвори натпреварот Халеп која го доби првиот сет со 6:4, а во вториот Симона исто така го диктираше темпото, но потоа следуваше повреда на зглобот, поради која и падна нивото на игра.

Тоа го искористи Свитолина и вториот сет го доби со 7:5, а во третиот победи со 6:1.