Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Титулата ја освои Милан.
Рано, многу е рано. Посебно затоа што малиот Кристијан ќе биде под притисок во јавноста. Ретки се децата за кои се пишува на 11-годишна возраст.
Но, на секој не му е татко Франческо Тоти.
Принцот на Рим по навика е главна тема во вечниот град. Овој пат на ред е малиот Кристијан кој беше најдобар стрелец на силен турнир до 11 години.
Рома застана во четвртфиналето, а турнирот го освои Милан кој во финалето го победи Интер, но Тоти јуниор со 8 погодоци беше најефикасен фудбалер. Гордиот татко со мајката Блази се гледаше од трибините.