Робен: Се ближи крајот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен Арјен Робен се чуствува како да се приближува крајот на неговата кариера.

Тој потпиша нов договор со кој ќе остане на Алианз Арена до 2018 година.

„Се поблиску сум до крајот на мојата кариера, тоа е реалноста. Се повеќе гледам кон иднината и кон тоа што доаѓа после крајот на мојата кариера. Не се грижам околу тоа што ќе се случи во 2018, фокусиран сум само на тоа што се случува моментално. Една работа сум сигурен, тоа е дека ќе се вратам во Холандија, имам силни врски со клубот од мојата младост, можеби ќе имам шанса да работам нешто таму“- Изјави Робен.

Тој игра во Баерн од 2009 година и досега во 256 натпревари постигна 131 гол.