Роберт Кубица повторно ќе вози во Формула 1!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот полски возач Роберт Кубица ќе се врати во Формула 1 и тоа во болидот на екипата на Вилијамс, а официјално би требало да биде претставен во текот на трката за Големата награда на Абу Даби.

Полјакот ќе вози со младиот Џорџ Расел, Англичанецот кој ќе дебитира во Ф1 наредната сезона.

Кубица минатата година беше тест возач на Вилијамс, а во Ф1 последниот настап му беше во 2010 година.

Одличниот возач во 2011 година на рели во Италија имаше тешка повреда, па едвај му ја спасија раката.