Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека во оваа зима ќе почнеме трансфер бомба, но прашање е во кој клуб!
Хамес Родригез не е во првите планови кај Зинедин Зидан и се се погласни шпекулациите дека веќе во јануари може да го напушти Сантијаго Бернабе.
Колумбиецот се наоѓа на мета на неколку европски гиганти, како што се Челси, Манчестер Јунајтед и Интер, а судејќи според се блиску е до заминување од клубот.
Тој тоа и сам гои потврди со изјава после освојувањето на титулата шампион на светот во Јокохама.
„Не можам да тврдам дека во јануари и понатака ќе бидам во Реал Мадрид.
Имам на масата примамлива понуда и имам седум дена да размислам и да разгледам што е најдобро за мене. Среќен сум во Мадрид, но сакам да играм повеќе и се чувствувам важен во екипата“, рече Родригез.
Да потсетиме, последен во низата кој сериозно се поврзува со Колумбиецот е Челси, а од порано се знае дека во својата екипа го сака и Жозе Мурињо.
Интер е спремен да ја разбие касата за да го убедат да дојде на Џузепе Меаца, па така во оваа зима ќе биде многу интересно во оваа трка.