Рома во еден ден претстави три засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Рома во текот на денешниот ден претставија вкупно три засилувања со кои го продолжуваат „ремонтот“ на екипата во пресрет на следната сезона.

Најзвучно име кое денес потпиша договор со „Волчицата“ секако е Хавиер Пасторе, а покрај него на „Олимпико“ ќе играат и Давиде Сантон и Никола Заниоло.

29 годишниот Пасторе во Рома пристигна од францускиот ПСЖ за сума од 24.7 милиони евра, додека Сантон и Заниоло пристигнаа како дел од трансферот на Наинголан во Интер.

„Среќен сум што сум во Рома. Прекрасно е што се враќам во Италија. Се надевам ќе се оддолжам на ентузијазмот, поддршката и вниманието кое фановите на Рома ми го дадоа“ –гласеше коментарот на Пасторе по потпишувањето на договорот.

Пасторе и Заниоло се обврзаа на соработка со траење од пет години, додека Сантон на „Олимпико“ ќе остане во следните четири сезони.