Рома прави страшен тим: „Волчицата“ планира да ангажира шведски репрезентативец!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „Олимпико“ досега стигнаа Иван Маркано, Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Џастин Клајверт и Антонио Миранте, а на пат е и Хавиер Пасторе.

Спортскиот директор на „волчицата“, Мончи, нема да сопре и сака да ангажира уште едно засилување.

Левото крило на репрезентацијата на Шведска, Емил Форсберг е наредната желба на Мончи, а за да го ангажираат мора прво да ослободат простор за него.

Најдобриот асистент во Бундеслигата за сезоната 2016/17 во Рома може да пристигне само ако тие продадат еден крилен играч, а такво нешто може да им се случи на Ел Шарави или Диего Пероти.