Рома ќе носи напаѓач од Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека во јануари би можел да се случи интересен трансфер кој во кој ќе бидат вклучени три тима.

Имено, Мичи Батсуаи од Челси е интересен за тимот на Рома, но претставува проблем што во моментов настапува како позајмен фудбалер во Валенсија.

Сепак, поради слабиот учинок во Шпанија, клубот од Местаља нема да му прави проблем и би го вратил Батсуаи во Челси во јануарскиот преоден рок. Веднаш потоа Белгиецот би се преселил на „Олимпико“ исто така како позајмен фудбалер.