Роналдо има причина да се плаши ако Перез го исполни летниот сон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бројките не лажат, а кога ќе ја погледнете статистиката, ќе ви станат некои работи јасни.

Неодамна во натпреварот против Унгарија и двата голови, Роналдо кажа дека не покажува знаци на стареење и дека се чувствува 10 години помлад.

Потпиша нов договор со Реал, а таму би можел да ја заврши кариерата, а повторно Перез, но и Зидан го сакаат Азар.

Каде би се вклопил помеѓу триото на Реал и дали тоа значи дека Роналдо наредната година би можел да ја помина на клупата, е тешко да се каже.

Но една анализа покажува дека неговите бројки паѓаат и покрај тоа што реал е прв на табелата.

Внимавајте.

Постигнува помалку од гол по натпревар, 0.89, а тоа е најлошо откако во 2009 стигна во Реал.

Тој испраќа најмалку удари во последните 8 години, иако изгуби процент, односно сега има 5.86 удари во натпревар, а никогаш во кариерата не бил под 6.

Не е познат како асистент, а 0.23 голови Реал постигнува по неговите асистенции, но тоа е најлошо откако е во Реал.

И создавањето на шанси, дури 1 по натпревар покажува дека е во пад, а минатиот просек беше 1.44, втор најлош во кариерата.

Помалку има допири со топката, оваа сезона е под 45. Постигнуваше голови во 60% од натпреварите во кои започна, но ако ја споредите таа статистика со Азар во ПЛ, јасно е дека Азар би можел многу повеќе во Примера каде што се постигнуваат полесно голови.

Сеедно, Роналдо е легенда, од него Перез нема да се откаже, но тоа што го сакаат Азар кој има 26 години или значи промена на позицијата на Роналдо или промена на формацијата.

Сепак, на крајот треба да се каже дека овој трансфер е најавуван со месеци, но Конте наводно има ветување од Абрамович дека Азар ќе остане во Челси.