Роналдо: Му честитав на Модриќ за наградата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу прашина се крена по отсуството на Кристијано Роналдо на доделувањето на ФИФА-наградите за најдобрите играчи.

Се шпекулираше дека Роналдо е лут затоа што Лука Модриќ бил прогласен за најдобар играч во годината и дека не сака да му честита.

Португалецот, сепак, по неколку дена реши да прозбори и да го каже своето мислење.

„Му честитав на Лука, понекогаш се губи, понекогаш се добива, јас сум задоволен со себеси“, кажа Роналдо.

Ѕвездата на Јувентус зборуваше и за наградата за најдобар гол, која незаслужено ја добил Мохамед Салах.

„Голот на Салах беше убав, но мојот против Јувентус беше дефинитивно најубав“, вели Португалецот.