Реми на Балаидос – Реал елимиран од купот на кралот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Селта Виго и Реал Мадрид ремизираа на Балаидос во реванш натпреварот во купот на кралот, 2:2.

Роналдо во првото полувреме ја погоди стативата. Пред крајот на првото полувреме Данило постигна автогол за водство на Селта.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во 62-ра минута постигна фантастичен погодок од слободен удар за израмнување. Пет минути пред крајот на натпреварот Вас погоди за 2:1. Васкез со глава ги постави конечните 2:2.

Селта Виго се пласира во полуфинале со вкупен резултат 4:3.