Роналдо своеволно заминува на суд: Следува правосилна пресуда од две години условна казна..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на торински Јувентус, Кристијано Роналдо во последната година има големи проблеми со законот.

Португалскиот фудбалер неодамна беше обвинет за силување кое пред речиси десет години се случило во Лас Вегас, а претходно CR имаше проблеми со даночните власти во Шпанија.

Роналдо е обвинет за избегнување на данокот во периодот од 2011. до 2014. година, а вклупно речиси сокрил 15 милиони евра.

Кристијано вече порано е прогласен за виновен и плати казна од 13,4 милиони евра, но шпанскиот суд продолжи со процесот, и сака да се појави на суд за да му се изрече и затворска казна.

Роналдо одлучи да ја признае вината и да се реши од сите проблеми. Ја прифати одлуката на судот за затворска казна од две години, но нема да оди зад решетки, бидејќи секоја казна која е помала од две години во Шпанија е условна.

Секако, ако истото дело се повтори на територијата на оваа дежава, Роналдо би завршил во затвор, но шансите нешто такво да се случи се речиси непостоечки.

Сега пред Роналдо е уште тужбата за силување во САД. Истрагата за тој случај се уште трае, но многу потивко е отколку што беше во изминатите месеци.