„Роналдо се соблекува гол и си вели – Меси е подобар, но не е згоден колку мене“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, имаше интересна приказна за Кристијано Роналдо во својата автобиографија.

Крауч во книгата раскажуваше моменти кои му ги кажал Рио Фердинанд за Роналдо и неговото однесување во соблекувалната.

„Фердинанд ми кажуваше приказни за Роналдо како стои гол пред огледалото во соблекувалната и си зборувал дека е многу убав. Но, потоа соиграчите му рекле дека Меси е подобар од него. Португалецот не се замараше многу за тоа. После тоа постојано си викаше – Можеби Меси е подобар, но не е згоден колку мене“, објаснува Крауч.