Роналдо: Сонував од дете да играм за Јувентус, сите ми даваа аплауз...

Новиот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо, кажа дека во Јувентус владее семејна атмосфера.

Најдобриот играч во светот летово стигна во Торино од Реал Мадрид за 104 милиони евра и потпиша четиригодишен договор.

„Се чувствувам одлично, мило ми е што ги гледам овие луѓе во тренинг-центарот. И пред ова знаев дека Јувентус е голем клуб, најголем во Италија и еден од најголемите во светот. Кога бев дете сонував да играм тука“, вели тој.

Пред доаѓањето во Јувентус, Кристијано, неколкупати играше против тој клуб, а посебно се издвојува четвртфиналето во Лигата на шампиони, кога во Торино постигна одличен гол со „ножички“.