Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристјано Роналдо говореше за Тутоспорт околу очекувањата од наредниот натпревар на Јуве против Торино.
Првата ѕвезда на Серија А во таа прилика порача дека сфатил оти навивачите на Јувентус никако не сакаат да изгубват од два клуба – Интер и Торино.
„Еден човек кој е задолжен за дресовите ми рече „те молам, морате да победите, инаку баба ми…“, рече Роналдо и додаде:
„Научив дека навивачите на Јуве не сакаат да изгубат од два тима, од Интер и од Торино. Губењето е секогаш лошо и тоа јас не го сакам. Дербињата се секогаш големи случувања и мораме да победиме. Мирен сум бидејќи го знам потенцијалнот на овој тим. Ни следуваат многу важни натпревари“, порача Португалецот.
Инаку, Роналдо во тековната сезона има одиграно вкупно 20 натпревари за Старата дама и има постигнато 11 голови и осум асистенции.