Роналдо ја „отвори“ душата: Морав да си заминам од Реал поради Перез!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше која е причината за заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус за 110 милиони евра, а конечно сите дилеми се расчистени.

Реал го пушти еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот, иако имаше важна улога во освојување на дури 15 трофеи, меѓу кои се и четири во Лигата на шампиони и две трофеи во Ла Лига.

Главната причина за заминувањето од Реал Мадрид е претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез.

„Веќе долго време имав чувство дека луѓето во Реал, посебно претседателот Пере, не ме сметаат за важен фудбалер како кога пристигнав. Првите четири, пет години имав чувство дека сум главен, а потоа тоа се намалуваше. Претседателот не сакаше да ме погледне во очи и да ми каже дека сум незаменлив. Тоа ме натера да си одам од Реал“, кажа Роналдо.

Многумина ги интересираше дали и заминувањето на Зинедин Зидан беше причина за таквата одлука.

„Да ми беше до пари, ќе заминев во Кина, каде што ќе заработував четири или пет пати повеќе пари, отколку во Јувентус или Реал Мадрид. Заминувањето на Зидан немаше влијание на мојата одлука да заминам од клубот“, откри Португалецот.