„Росонерите“ имаат сериозни планови: Милан ќе ангажира огромно засилување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми пишуваат дека Милан го следи фудбалерот на Олимпик Лион, Мемфис Депај.

Холанѓанецот од Манчестер јунајтед стигна во Франција, а минатата сезона беше одличен и постигна 19 голови и 13 асистенции.

Добрите настапи повторно го направија актуелен, а редовен е и во репрезентацијата на Холандија, па голем број клубови се повторно заинтересирани да го видат во свои редови.

Еден од тие тимови е Милан, кој и претходно се поврзуваше со играчот на Лион, а „росонерите“ мораат да исполнат еден услов за да го ангажираат.

Клубот мора да се врати во Лигата на шампиони, па во тој случај Депај би се согласил и со задоволство би се преселил на „Сан Сиро“.